Лига на шампиони

Звезда го плати цехот, Тотнем ја наполни мрежата на белграѓани, Дибала блесна со два гола за две минути (ВИДЕО)

Тотнем конечно одигра одличен натпревар по серијата слаби резултати, „спарси" ја наполнија мрежата на Црвена звезда и триумфираа со 5-0, Пауло Дибала со два гола за две минути донесе пресврт и победа за Јувентус од 2-1 против Локомотив Москва.

Ефикасна вечер во Лигата на шампионите, на шест меча паднаа дури 25 погодока.

Тотнем сврза неколку лоши партии, притисокот врз Покетино и неговите избраници беше огромен, но „спарси“ не погрешија и стигнаа до убедлива победа против Црвена звезда.

Кејн го отвори резултатот во 9. минута на додавање на Ламела, а потоа на сцена стапи Сон. Фудбалерот од Јужна Кореја доби убава топка на подалечната статива и рутински реализираше за 2-0 во 16. минута, за во последните мигови од првиот дел, по една убава контра по втор пат да ја затресе мрежата на гостите од Белград. На стартот од вториот дел, Ламела погоди за 4-0, а точка на натпреварот стави Кејн со својот втор гол во 72. минута.

Возбудлив меч во Торино одиграа Јувентус и Локомотив Москва. Гостите беа на прагот на изненадување, но Пауло Дибала постигна два гола за две минути и се погрижи „старата дама“ да слави.

Домаќините домонираа во првото полувреме, имаа поголем посед на топката и повеќе удари, но гостите беа тие кои на пауза заминаа со предност. По половина час игра, Бонучи лошо реагираше и овозможи шанса за Локомотив Москва, Шчесни гоодбрани обидот на Жоао Марио, но до одбиената топка стигна Миранчук кој не погреши и ја затресе мрежата на домаќините за 0-1.

Гостите одолеваа на притисокот се до 77. минута кога на сцена стапи Пауло Дибала. Аргентинецот прекрасно пласираше од врвот на шеснасетникот за 1-1, а само 120 секунди подоцна, се најде на право место и по една одбиена топка донесе пресврт и 2-1.

До важни три бода вечерва стигна и Реал Мадрид, на Зинедин Зидан му гореше под нозе, но „кралевите“ го издржаа пеколното гостување во Турција и триумфираа со 0-1. Клучниот момент се случи во 18. минута, кога домаќините погрешија при една вратена топка, Азар и Бензема добро проиграа за Крос со прецизен удар да донесе водство од 0-1.

Пет гола вечерва дадоа уште два тима, ПСЖ на гости кај Клуб Бриж, и Манчестер Сити дома против Аталанта.

„Светците“ рано поведоа, во акција од неколку потези, Ди Марија доби топка во фор, Аргентинецот потоа го проигра својот сонардоник Икарди, кој рутински реализираше за 0-1 во 7. минута. На стартот од вториот дел во игра влезе Мбапе, па домаќините ги снајде катастрофа. Французинот постигна хет-трик, а и му аситираше на Икарди за убедливи 0-5.

На „Етихад“, шампионот на Англија покажа дека е многу опасен против екипи кои играат фудбал и не се бранат. Аталанта реши да се надигрува, Милановски од пенал го отвори резултатот во 28. минута, но радоста на гостите кратко траеше. Агуеро во 34. минута изедначи на 1-1, а истиот играч од пенал во 38. минута донесе предност за Манчестер Сити од 2-1. Потоа во вториот дел, во период од 11 минути, Стерлинг три пати ја тресеше мрежата за триумф од 5-1.

Возбудлив меч со пет гола имаше и во Атина, Олимпијакос поведе преку Ел Араби, но десет минути подоцна Левандовски изедначи на 1-1. Полјакот во 62. минута донесе предност за Баерн, а Толисо во 75. минута ја осигура победата. До крајот на мечот, домаќините преку Гиљерме само намалија на 2-3.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе