Бил една недела на проба

„Златното момче“ на Барса: Реал Мадрид ми кажа дека не сум доволно добар

Младата ѕвезда на Барселона, Педри открива дека бил на проба во Реал Мадрид, поминал една недела во школата по што му били кажано дека не е доволно добар.

Барселона во 2019 го купи Педри за почетна сума од 5 милиони евра, Шпанецот остана уште една сезона во Лас Палмас и во 2020 пристигна на Камп Ноу.

Тинејџерот веднаш се наметна и стана клучен играч во средниот ред на Барса но и на Шпанија. За одличните партии сега доби неколку признанија, во изборот на Тутоспорт беше прогласен за „Златно момче“ а Франс Фудбал му го додели „Копа трофеј“.

Во разговор со Франс Фудбал, Педри сега открива дека неговата кариера можела да има поинаков пат.

„Поминав една недела во Реал Мадрид, бев на тестирање, тренирав на ладното“ - со насмевка вели Педри кој доаѓа од топлото Тенерифе.

„Но ми кажаа дека не сум доволно добар“.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе