ФА Куп

Зијеш го однесе Челси во финале, нема перфектна сезона за Манчестер Сити (ВИДЕО)

Челси со гол на Зијеш го победи Манчестер Сити на Вембли во полуфиналето од ФА Купот, тимот на Пеп Гвардиола е елиминиран од првото натпреварување оваа сезона. 

Манчестер Сити имаше шанси оваа сезона да освои четири трофеи бидејќ беше активен во сите натпреварување досега, но веќе не е така, Челси денеска ги исфрли од ФА Купот.
 
Челси создаде повеќе шанси за гол и заслужено победи иако поседот на топката го имаше Манчестер Сити.
 
Клучниот момент се случи во 55. минута кога по еден контра напад, Вернер асистираше до Зијеш кој погоди за водство на Челси од 1-0 кое значеше и победа.
 
Во 48. минута се повреди Кевин Де Брујне и порано го напушти мечот, а од иста причина во финишот од натпреварот Тиаго Силва беше повлечен од игра.
 
Следен поголем предизвк за Манчестер Сити е финалето од Лига Купот против Тотнем.
 
Во второто полуфинале утре играат Лестер и Саутемптон.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе