Доби неколку незгодни прашања

Зидан за ситуацијата на Иско и Бејл, евентуален трансфер на Мбапе и хет-трикот на Роналдо

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан денеска се појави на прес конференција во пресрет на дуелот со Селта, Французинот доби неколку незгодни прашања од новинарите.

Зизу ја имаше втората средба со новинарите откако се врати на Сантијаго Бернабеу. По презентацијата во понеделникот, денеска тој се појави на прес конференција за дуелот со Селта. И додека Французинот преферираше да зборува за мечот, новинарите ги интересираа други работи, како ситуацијата на Марсело и Бејл (првиот беше во немилост кај Солари, а вторито не успеа да блесне по заминувањето на Кристијано Роналдо), настапот на трансфер пазарот, и секако, одличното издание на ЦР7 во Лигата на шампионите. 

„Иско сака само да игра фудбал, ништо повеќе. Сметам на Иско, исто како што сметам на сите други, се обидувам да направам сите играчи да чувствуваат дека му се потребни на тимот. Иско и Марсело се подготвени да настапат утре“ - вели Зинедин Зидан. 

„Нема да ги коментирам партиите кои Бејл ги пружи до овој момент. До крајот на сезоната има уште 11 натпервари и сметам на него“. 

Новинарите дури три пати го прашаа стратегот за неговиот сонародник Килијан Мбапе, но за разлика од Флорентино Перез, кој рече дека е подготвен да ги купи во пакет Мбапе и Нејмар, Зизу реши да не открива ништо. 

„Нема да разговарам за играч кој не е дел од Реал. Можам само да ви кажам дека двајцата (Нејмар и Мбапе) се доста квалитетни, но јас мислам само на утрешниот натпревар. Дали би сакал да го тренирам Мбапе? Секој би сакал да соработва со најдобрите играчи, но ова не е време да говоримe на оваа тема“. 

Кога следеше ново прашање за напаѓачот на ПСЖ, тој порача: „Нема да ви се допадне мојот одговор, не е време да зборуваме за ова, треба да сме фокусирани само на утрешниот натпревар, не сакам да зборувам за трансфери“. 

За одличната партија на Кристијано Роналдо против Атлетико, Зидан вели: „Не сум изненаден, му симнувам капа за тоа што го стори. Секогаш сум му се восхитувал и тоа не се променило“.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе