Французинот во моментов нема понуди

Зидан за можноста да го превземе Јувентус: Денес сум тренер на Реал, но утре тоа може да се промени

Зинедин Зидан ги прокоментира гласините кои го поврзуваат со кормилото на Јувентус, вели дека во моментов е тренер на Реал Мадрид, ја има поддршката на раководството но сето тоа лесно може да се промени во иднина.

Оваа недела се појавија гласини кои велеа дека Зинедин Зидан по втор пат ќе замине од Сантијаго Бернабеу и по крајот на сезоната на негово место ќе пристигне Маурисио Покетино.

Популарниот Зизу пак ќе се пресели во Серија А, и ќе го превзеде кормилото на неговиот поранешен клуб Јувентус.

Па на денешната прес конференција во пресрет на дуелот помеѓу Бетис и Реал Мадрид, новинарите побараа коментар од Французинот за ваквите шпекулации.

„Чувствувам дека ја имам поддршката на клубот, но добро знаеме дека во фудбалот никогаш не ви е сигурна иднината. Денес сум тренер на Реал Мадрид, но утре тоа може дa се премни. Сепак, не сум разговарал со никого и не сум добил никаква понуда“ – вели Зинедин Зидан.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе