По дебаклот кој го доживеа Реал Мадрид

Зидан: За Атлетико Мадрид ова не беше пријателски натпревар

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан причината за дебаклот против Атлетико Мадрид ја наоѓа во разниот приод на двете екипи во натпреварот, но признава дека биле надиграни од ривалот.

Реал Мадрид доживеа срамен пораз од Атлетико Мадрид, кралскиот клуб загуби со 7-3, имаше негатива и од 6-0. Во тимот на Зинедин Зидан не функционираше речиси ништо.

„Тоа што се случуваше во текот на целиот меч беше многу лошо. Влеговме лошо во натпреварот, веќе по осум минути игра губевме со 2-0. Ни недостасуваше се, особено интензитет кој е неопходен за ова ниво“, вели Зидан.

„Знаеме дека не смееме да дозволиме да примиме седум голови, играчите го знаат тоа. Тие се разочарани. Но ова е пријателски натпревар, Атлетико беше подобар во се и тоа е тоа. Нема што повеќе да се зборува“.

„Но, уверен сум дека нашата сезона ќе биде добра. Сега не можеме да бидеме среќни со резултатите, но уверен сум дека овој тим ќе игра многу добро во сите натпреварувања. Треба да се вратиме, да се одмориме и да мислиме на 17 август“.

„Поразот не ме загрижува, но боли. Не играте за да загубите. Но не можеме сега да гледаме назад, ова беше лош натпревар и ние ќе размислуваме сега што да направиме за следниот меч“.

„Денеска ова беше пријателски натпревар за нас, но не и за Атлетико“.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе