Реал Мадрид

Зидан: Што му реков на Варан? Главата горе

Рафаел Варан беше трагичар за Реал Мадрид, со два големи кикса му подари два гола на Манчестер Сити кои значеа и елиминација за кралскиот клуб. Зидан по мечот на својот сонародник му рекол само да ја крене главата горе.

На Реал Мадрид му беше тешко без Серхио Рамос, командантот во одбраната го немаше, па кралскиот клуб направи многу грешки, а две на Варан беа кобни.

По мечот шпанските новинари го прашаа Зидан што му кажал на Варан по мечот, а тој одговори: „Ништо посебно не му кажав, му реков само главата горе и ништо друго бидејќи 95% од тоа што го направија моите фудбалери беше спектакуларно. Тоа им го кажав на играчите“.

„Игравме два меча, ги загубивме и двата, па Сити заслужено оди понатаму“.

„Имавме многу добра сезона. Најважно вечерва беше да дадеме се од себе на теренот. Секако дека ни недостасуваа некои работи, но мора да бидеме среќни“.

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе