Тренерот на Реал не сака да се вклучи во дебатата

Зидан: Проблем се судиите... па проблем е распоредот... Секој ден по нешто се случува

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан вели дека секој ден има некакви поплаки но тој одбива да додава масло во оганот и фокусот му е само на следниот противник.

Ре-старот на сезоната во Ла Лига е со многу контроверзии. Реал Мадрид го зграпчи врвот по киксот на Барселона против Севиља, по што следуваa бурни реакции од Каталонија и обвинувања дека „кралевите“ добиваат помош од судиите поради неколкуте спорни одлуки со ВАР.

Сега е проблематичен и распоредот, Реал Мадрид испрати официјален протест за своите дуели од 33 и 34. коло, додека пак Барселона потенцира дека нивниот ривал за титулата ќе има 26-27 часа повеќе одмор.

Зинедин Зидан беше запрашан за ова на денешната прес конференција, но тренерот на Реал Мадрид одби да додава масло во огнот.

„Видете, распоредот е таков каков што е, и нема да се промени. Секој треба да си ја гледа работата. И јас имам мислење, но нема да навлегувам во дебата. Еднаш има примедби за судиите, друг пат за распоредот... Секој ден нешто се случува. Во мојот фокус е само утрешниот натпревар, се работи за финале. До крајот има осум кола, не чекаат важни натпревари и мене ме интересира само ова“ – вели Зизу.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе