Реал Мадрид

Зидан: Ова не се опишува со зборови, титулата во Примера ме прави посреќен од трофејот во ЛШ

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не можеше да го сокрие задоволството по освоената титула во Примера по победата над Виљареал од 2-1.

Реал Мадрид на коло пред крајот ја завери титулата во Примера, Зидан вели дека овој трофеј му е подраг и од Лигата на шампионите.
 
„Немам зборови за емоциите во моментов. Фудбалерите беа неверојатни“, изјави Зидан по мечот.
 
“Ние сме најдобри бидејќи освоивме најмногу бодови. Ова е еден од најдобрите денови кои сум ги искусил како професионалец“.
 
„Бевме успешни во Лигата на шампионите во минатото, но титулата во Ла Лига ме прави посреќен, бидејќи е наша, домашна“.

Државата Бугарија ги исцрта своите позиции, а државата Македонија не. Сега сме во финалната фаза – за овие прашања да зборуваат партиските водачи – Заев, Мицкоски, а поретко нивните статисти – пратениците и претседателот на Републиката.

повеќе

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе