Ќе мора да скрши неколку соништа

Зидан: Ова е најтешкиот момент во мојата работа, некои играчи нема ниту дресот да го облечат!

Зинедин Зидан вели дека не чувствува притисок од тоа што го чека финале во Лигата на шампионите, но признава дека има горчина во устата поради тоа што сите играчи нема да добијат шанса

Французинот нецели три години е тренер а веќе има шанса да освои три трофеи од Лигата на шампионите во низа, нешто што не му успеало на ниту еден стратег, па сосема очекувано прво прашање на денешната прес конференција беше која е тајната зад успехот.

„Напорна работа и секако, многу талент. Исто така и желба да се игра убав фудбал и да се победи. Не е лесно да се биде во финале, но во исто време задоволни сме што повторно сме дел од завршницата. Јас сум голем соперник, сакам да се натпреварувам па ќе биде навистина убаво доколку се радувам на трет трофеј. Но зад сето ова стои напорна работа, не само моја, туки и на сите играчи“ – рече популарниот Зизу на средбата со новинарите.

Јирген Клоп посочи дека Реал Мадрид е фаворит, но Французинот не се сложува со ова: „Не е така. Луѓето можат да велат дека Реал е фаворит, но ние знаеме дека не е така и никој во соблекувалната не помислува на ова. Ливерпул има подеднакви шанси за триумф. Никој не е фаворит, шансите се 50-50. Ќе се обидеме да одиграме одличен натпревар и да победиме“.

Зидан исто така вели дека не чувствува притисок пред финалето, но додава дека ова е еден од најтешките моменти во неговата работа бидејќи секој фудбалер сака да биде дел од финале а тој ќе треба да скрши неколку соништа.

„Немам мака од помислата дека ме чека финале, уживам во сето ова и среќен сум што ќе играм уше едно финале. Можеби сум малку под притисок, но тоа е знак дека само сум човек и емоциите стигнуваат до мене, но тоа само го прави поубав целиот момент. Но во исто време ова се едни од најтешките моменти во мојата работа, бидејќи треба да направам одреден избор. Некои фудбалери нема да добијат шанса, а други пак нема ниту да го облечат дресот. Но самите играчи се свесни дека нема место за сите“.

Јирген Клоп упати многу пофални зборови за Зинедин Зидан на својата прес конференција, па тренерот на Реал врати во иста мера.

„Како играч можеби бев за нијанса подобар од него“ – вели тренерот на Реал со насмевка на лицето. „Имам голема почит за Клоп како тренер, она што го сработи е феноменално. Немаме многу сличности, но секој тренер е различен“.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе