Тренерот на Реал ги нападна новинарите

Зидан никогаш не бил толку бесен: Кажи ми во лице дека треба да си одам а не да ми зборуваш зад грб!

Тренерот на Реал Мадрид ги загуби нервите на денешната прес конференција во пресрет на дуелот протов Уеска, Французинот побара од новинарите да покажат малку повеќе почит.

За иднината на Зинедин Зидан се пишува со месеци, медиумите често говорат дека тој ќе добие отказ поради слабите резултати. Французинот денеска се појави на прес во пресрет на дуелот со Уеска и брзо ги загуби нервите.

„Не знам што ќе се случи, заслужуваме да ја завршиме сезоната со овој состав. Многу работи се говорат, за промена на тренот и слично. Она што треба да се случи, ќе се случи. Имам среќа да бидам дел од овој клуб и ќе уживам до последниот ден. Ако луѓето сакаат да заминам, нема да си одам. Да, во последно време не сме на потребното ниво, не победивме на доволно натпревари, но имаме желба да ја промениме ситуацијата“ – рече тренерот на Реал Мадрид.

Откако говореше за заминувањето на Одегард, повредат ана Азар и новиот договор на Рамос, се вратија прашањата за неговата иднина.

„Дали си сериозен? Секој ден се пишува дека добивам отказ... Минатата сезона ние ја освоивме титулата, Реал Мадрид. Имаме право да се бориме за неа и оваа сезона. Следната сезона ќе мораме да промениме некои работи... Но пуштете не да се бориме оваа сезона. Реал Мадрид ја освои титулата минатата сезона, а не пред десет години. Смешни сте со овие прашања... Покажете малку почит. Ако веќе сакате да ме смените, кажете ми го тоа во лице, а не да ми зборувате зад грб“.

Со оглед на тоа дека ваква реакција немало претходно, новинарите го запрашаа зошто се налути.

„Еден ден велите дека добивам отказ, следниот пишувате дека останувам, ако одиграме нерешено или загубиме, пак се пишува дека ќе бидам сменет. Знам дека си ја вршите само работата, но треба да покажете малку повеќе почит“.

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе