Нова повреда за „кралевите“

Зидан нема мир, се вратија Азар и Хамес, се повреди Лука Модриќ

Нема крај на проблемите во Реал Мадрид, Еден Азар и Хамес Родригез се вратија но сега пауза го чека Лука Модриќ, фудбалерот од среден ред пристигнал повреден по настапите со Хрватска.

По двете кола во квалификациите за ЕВРО 2020, фудбалерите им се враќаат на клупските обврски. Овој викенд имаат настап во домашните првенства, а во вторник и среда следната недела започнува и ноата сезона од Лигата на шампионите а во четврток стартува групната фаза од Лига Европа.

Паузата за репрезентативен настап беше добредојдена за оние играчи кои влечеа ситни повреди, особено за Реал Мадрид, каде долга е листата на фудбалерите кои добиваа третман.

Еден Азар и Хамес Родригез тренираа без проблеми, а се испостави дека и повредата на Лука Јовиќ не е сериозна, но мораше да има и лоша вест за Зинедин Зидан.

Реал Мадрид попладнево соопшти дека Лука Модриќ од настапот со Хрватска пристигнал повреден. „Кралевите“ само пренесоа дека се работи за повреда на препоните која ќе биде мониторирана во следниот период, и не открија детали колку таа е сериозна и колку време фудбалерот од средниот ред ќе биде надвор од стројот.

Според шпекулациите на медиумите, актуелниот освојувач на „Златната топка“ сигурно нема да игра против Леванте и ПСЖ, и најверојатно ќе биде надвор од стројот помеѓу две и три недели.

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе