Реал Мадрид

Зидан: Не знам ништо за заминување на Навас, не ми кажал дека сака да си оди

Зинедин Зидан вели дека не знае ништо за евентуалното заминување на голманот Кејлор Навас, тој вели дека смета на него и не размислува за купување на нов голман.

Во изминатите денови силно се шпекулира дека Кејлор Навас сака да си замине од Реал Мадрид откако Зидан одлучи Куртоа да биде првиот голман.
 
Но францускиот стратег вели дека не знае ништо за заминување на Навас.
 
„Навас е играч на овој тим. Тој е и ќе биде. Не ми кажал дека сака да си оди. Тука и ќе остане со нас. Секогаш бил голем професионалец“, вели Зидан на денешната прес конференција.
 
„Не размислувам за негова замена. Мислам дека ќе биде тука. Тој е многу важен играч за нас и го покажал тоа. Сакам Навас да остане во тимот, тоа е мојот став“.
 
На Зидан му беа поставени повеќе прашања за Нејмар, но одговорот секогаш беше ист. Не сака да зборува за играчо кои не се во неговиот тим.

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе