Суперкуп на Шпанија

Зидан не знае да загуби финале, Реал го совлада Атлетико за трофејот во Суперкупот на Шпанија (ВИДЕО)

Реал Мадрид триумфираше во Суперкупот на Шпанија, „кралевите" вечерва беа поуспешни од градскиот ривал Атлетико по изведување на пенали откако 120 минути немаше гол во Џеда.

Првото издание на Суперкупот на Шпанија со нов формат и надвор од Шпанија, заврши со триумф на Реал Мадрид. Зинедин Зидан нема пораз во финале на кормилото на „кралевите“ и убавата серија продолжи откако вечерва неговите избраници на пенали ја добија прсметката со лутиот градски ривал Атлетико Мадрид во Џедах.

Реал беше тимот кој доминираше и креираше доста прилики, но не ја затресе мрежата на Облак. Атлетико исто така имаше свој прилики но и „колчонероси“ не успеаја да го матираат Куртоа.

Откако 120 минути немаше гол, пеналите го донесоа победникот. Фудбалерите на Реал беа сигурни, Карвахал, Родриго Модриќ и Рамос погодија и славјето можеше да почне откако Саул и Томас промашија за Атлетико.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе