Се тресе столчето на Французинот

Зидан не е далеку од отказ, Перез ги разгледува опциите за негов наследник

Реал Мадрид игра лошо оваа сезона, инцидентни се добрите партии, а тоа го става Зинедин Зидан во незавидна положба, шпанските медиуми веќе почнаа да зборуваат за негов отказ. 

По вчерашниот натпревар против Шахтар, Зидан на прес конференцијата рече дека нема намеа да си даде отказ.
 
Но, информациите на „Марка“ велат дека Флорентино Перез веќе размислува за негов наследник, сепак тоа нема да се случи пред последниот меч од групната фаза во Лигата на шампионите кој може да ја одреди судбината на Зидан.
 
Доколку Реал Мадрид не се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампионите, речиси сигурно е дека кралскиот клуб ќе му врачи отказ на Зидан, со друг исход можеби Французинот ќе си „купи“ уште некој ден престој на клупата.
 
Како најсериозна опција за наследник на Зидан се споменува Маурисио Покетино кој успеа да го однесе Тотнем до финалето од Лигата на шампионите и со тоа сериозно да си ја зголеми цената на пазарот.
 
Покетино многу добро го познава шпанскиот фудбал, девет години играше во Еспањол и тренерската кариера ја почна во овој клуб каде по три години премина во Премиерлигата.
 
Слободен тренер кој чека понуда од голем клуб е и Масимо Алегри, италијанскиот стратег откако беше отпуштен од Јувентус се уште чека прилика да му се врати на фудбалот.
 
Се споменува и името на легендата на кралскиот клуб, Раул Гонзалез кој во моментов е тренер на вториот тим на Реал Мадрид.
 
Како во моментов се одвиваат работите, тешко е да се поверува дека Зидан може да ја врати формата на тимот и да ги промени работите, поблиску е до отказ отколку до останување, но се уште зависи од него.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе