Ел Класико

Зидан му одговори на Куман: Не беше досуден пенал, затоа што не беше пенал

Зинедин Зидан смета дека победата на Реал Мадрид над Барселона е чиста, а протестите на Куман се неоправдани. 

Реал Мадрид со 2-1 ја победи Барселона и ја престигна на табелата во Примера. Во мечот имаше и контроверзен момент кога не беше досуден пенал за Каталонците по старт на Менди врз Брејтвајт.
 
Куман жестоко реагираше по мечот, но Зидан смета деа судиската одлука е исправна.
 
„Верувам дека судијата не свирна пенал, затоа што тоа не беше пенал. Најважно е тоа што ние го направивме на теренот, на моменти и страдавме бидејќи Барселона е силен тим“, вели Зидан.
 
„Имаме долга серија без пораз, но се уште не сме освоиле ништо. Има уште многу до крајот. Ќе одмориме утре бидејќи имавме два многу тешки натпревари“.
 
„Не знам како ќе ја завршиме сезоната. Физички сме на граница“.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе