Реал Мадрид

Зидан му фрлил око на дефанзивец за кој се интересира и Пеп Гвардиола

Зинедин Зидан сака во Реал Мадрид да го донесе 19-годишниот дефанзивец на Монако, Беноа Бадијашил, за кој интерес има и од Манчестер Сити. 

Зидан не само што стана еден од најдобрите тренери во светот, тој паралелно делува и како скаут, особено ги следи младите играчи во француското првенство.
 
Последен кој му фати око е младиот дефанзивец на Монако, Беноа Бадијашил кој е висок 1,92 метри и важи за еден од најнадежните на неговата позиција. Го викаат новиот Варан.
 
Токму при трансферот на Варан, Зидан ја имаше главната улога, тогаш го убеди тој да ја прифати понудата од Реал Мадрид и покрај тоа што Арсенал и ПСЖ му нудеа повеќе пари.
 
Зидан во Бадијашил гледа долгорочно решение за централната дефанзивна позиција на која во моментов се Варан и Рамос. Тој е високо на листата кај Французинот, но на неа се наоѓаат и младите Упамекано (Лајпциг), Габриел (лил) и Салису (Ваљадолид).
 
Цената на Бадијашил не е мала, тој има договор со Монако до 2024 година и би чинел помеѓу 35 и 40 милиони евра бидејќи не е непознат, за него интерес има и од други големи клубови.
 
Меѓу нив е и Манчестер Сити. Пеп Гвардиола е решен да ја реновира дефанзивната линија од која не беше задоволен во изминатата сезона. Тој веќе испрати понуда за Нејтан Аке која е прифатена од Борнмут, но и Челси има опција да ја изедначи доколку сака па фудбалерот да избере каде ќе продолжи. Сепак се верува дека Аке ќе биде нов дефанзивец на Сити. Но во неговиот тефтер е и Бадијашил.
 

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе