Столчето на Зизу се тресеше по поразот од Шахтар во Лигата на шампиони, одредни извори велеа дека стратегот може да добие отказ доколку „кралевите“ загубат и на незгодното гостување кај Севиља.
Французинот сепак ќе ја преживее неделата, вечерва Реал Мадрид триумфираше со 0-1 на „Рамон Санчез Писхуан“.
Клучниот момент се случи по десетина минути игра во второто полувреме, Реал одигра одлично, Менди нафрли остро на пет метри, Винисус прв стигна до топката и со помош на голманот Боно ја затресе мрежата за голема радост.