Реал донесе одлука

Зидан куртули од отказ по срамната елиминација од третолигашот Алкојано

Неколку извори од Шпанија пренесуваат дека раководството на Реал Мадрид решило да не му даде отказ на Зинедин Зидан, идејата е Французинот да ја заврши сезоната на кормилото на „кралевите".

Реал Мадрид синоќа беше шокиран во Копа дел Реј и елиминиран од третолигашот Алкојано. Резултатот сериозно го затресе столчето на Зинедин Зидан, веднаш се појавија гласини дека Французинот може да добие отказ.

ЕСПН дури објави дека Флорентино Перез очајно посакува да го ангажира Марсело Гаљардо од Ривер Плата како нов тренер.

Сепак, неколку извори од Шпанија попладнево пренесоа дека раководството на Реал Мадрид решило да не ја прекине соработката со Зинедин Зидан, бордот на директори верува дека еден ваков потег е контрапродуктивен.

Идејата е Зизу да остане на кормилото до крајот на сезоната и потоа да се направи промена, па како што стојат работите во моментов, Французинот ќе ги предводи „кралевите“ против Алавес.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе