Работите се променија

Зидан: Ќе сметам на Бејл, тој е важен играч за нас

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан потврди дека работите се променети и тој ќе смета на Герет Бејл за новата сезона.

Се поизвесно е дека Герет Бејл ќе остане во Реал Мадрид, тоа го прифати и Зинедин Зидан кој претходно велеше дека најдобро за сите е Велшанецот да замине што побрзо.
 
„Се чинеше дека Бејл ќе си оди, но останува со нас. Работите се променија. Ќе сметам на него исто како и на другите“, потврди Зидан.
 
„Ќе сметам на играчите кои се тука. Тој има свое место, важен играч за нас е и се надевам сите фудбалери ќе бидат на високо ниво со што ќе ми ја отежнат работата околу изборот на првиот тим“.
 
Реал Мадрид утре на гостински терен кај Селта ја почнува новата сезона во Примера.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе