Реал Мадрид

Зидан има шест желби за ѕвезден Реал Мадрид

Доаѓањето на Зинедин Зидан на кормилото на Реал Мадрид го разбранува трансфер пазарот, кралскиот клуб е подготвен да направи ремонт за повторно да биде доминантен.

Лошата сезона на Реал Мадрид по заминувањето на Кристијано Роналдо ќе допринесе Флорентино Перез добро да го одврзе ќесето и да донесе неколку големи засилувања.
 
На претседателот на Реал Мадрид не му се допаѓа впечатокот во јавноста дека тие не можат без Роналдо, па тој е подготвен да направи се за клубот повторно да освојува големи титули.
 
Првиот потег беше враќањето на Зинедин Зидан кој сигурно добил богат договор и ветувања за нови засилувања.
 
Весникот „АС“ во една статија ги става шестте ѕвезди кои Реал Мадрид сака да ги купи иако е јасно дека не може да дојде до сите. Тие се: Мбапе, Нејмар, Погба, Азар, Ериксен и Пјаниќ.
 
Мбапе
 
Според „Франс Фудбал“, Реал Мадрид е подготвен да го урне рекордот и да понуди 280 милиони евра за Мбапе. Тие го посакуваа и во 2017 година, но тој тогаш реши од Монако да премине во ПСЖ.
 
Нејмар
 
Откако замина од Барселона и потпиша за ПСЖ, Нејар постојано се поврзува со враќање во Шпанија, но овој пат со потпис за Реал Мадрид. Овој трансфер изгледа помалку реален од оној на Мбапе иако во годините наназад видовме дека се може да се случи.
 
Азар
 
Еден Азар веќе со години се поврзува со Челси. Проблем за Реал Мадрид може да биде казната на Челси кој нема да може да купува играчи во наредните два преодни рока, па ќе сака да ги задржи сите сегашни играчи. Тука може да биде пресудна желбата на фудбалерот, кој често флертува со кралскиот клуб.
 
Погба
 
Мурињо си замина од Манчестер јунајтед, но шпекулациите за трансфер на Пол Погба останаа. Французинот се поврзува со заминување од Олд Трафорд и преселба на две можни дестинации, едната е во Реал Мадрид, а другата е враќање во Јувентус.
 
Ериксен
 
Данскиот фудбалер е една од желбите на Зидан кој во него гледа замена за Лука Модриќ. Тотнем е тврд преговарач, не ги дава своите фудбалери за мала сума, но со Реал Мадрид веќе неколку пати имаа соработка, пред се за ангажманот на Герет Бејл и Лука Модриќ.
 
Пјаниќ
 
Миралем Пјаниќ е уште една голема желба на Зидан. Иако Пјаниќ има договор до 2023 година со Јувентус, неговиот агент се сретнал со раководството на италијанскиот шампион за да бара подобри услови, бидејќи во спротивно ќе инсистираат играчот да замине во Реал Мадрид од каде што има интерес.
 
За да донесе нови големи засилувања, Реал Мадрид мора и да продаде поголем дел од своите фудбалери. Па на Бернабеу се очекува бурно трансфер лето во двата правци.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе