Нема да бидат ни на клупата против Бриж

Зидан ги изостави Бејл и Хамес за меч од Лигата на шампионите

Зинедин Зидан реши да не ги повика Герет Бејл и Хамес Родригез за утрешниот натпревар против Клуб Бриж во Лигата на шампионите, во составот се враќаат опоравените Марсело и Иско. 

Утре Реал Мадрид со почеток од 18:55 часот го пречекув Клуб Бриж во Лигата на шампионите, изненадувачи во составот не се најдоа Герет Бејл и Хамес Родригез.
 
Во составот не се и Одриозола, Брахим, Мариано и Родриго кои минатиот викенд беа со Кастиља. Асенсио и Менди се во аут поради повреди.
 
Марсело и Иско кои се опоравуваа од повреди се враќаат во тимот и ќе бидат во комбинација за утрешниот меч.
 
Составот на Реал Мадрид за мечот со Клуб Бриж:
 
Голмани: Куртоа, Ареола и Алтуде
Одбрана: Карвахал, Милитао, Рамос, Варан, Начо и Марсело
Среден ред: Крос, Модриќ, Касемиро, Валверде и Иско
Напад: Азар, Бензема, Лукас Васкез, Јовиќ и Винициус

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе