Реал Мадрид преку соопштение потврди дека тестот на Зинедин Зидан од последното тестирање е позитивен.
Тој нема да го води тимот на саботното гостување кај Алавес. Веќе е во самоизолација.
По елиминацијата во Купот на Шпанија, притисокот врз Зидан станува се поголем, а позитивниот тест на ковид-19 само дополнително потврдува дека ова не е добар период за Французинот.