И покрај тоа што од 13. минута играше со играч повеќе, Реал Мадрид тешко дојде до трите бодови против Атлетик Билбао иако резултатот сугерира поинаку.
При водство од 2-1, Атлетик Билбаво во 92. минута пропушти неверојатна шанса за израмнување, а во следниот напад Бензема ја завери победата.
По мечот Зидан беше запрашан дали Бензема е најдобриот напаѓач на сите времиња, а тој одговори: „За мене да, според она што го покажува, она што го прави...“.
„Има повеќе од 500 натпревари, сите тие голови, рекорди... Тоа што го прави зборува за него. За мене тој е најдобриот, многу е јасно“.
Бензема нема играно за Франција од 2015 година по инцидентот со Валбуена кога беше избркан од репрезентацијата.
„За мене тој е покомплетен играч сега, не е чиста деветка, не размислува само за постигнување на голови и тоа ми се допаѓа кај него“.
„Сака да комбинира со своите соиграчи, да креира шанси за нив, но исто така сака и да дава голови и го прави тоа кога му е потребно на тимот како што беше случај овој пат. Тоа е Карим“.