Реал Мадрид

Зидан: Бејл не сакаше да игра, затоа не е во тимот

Герет Бејл е изоставен од тимот на Реал Мадрид кој денеска ќе игра против Манчестер Сити во Лигата на шампионите, Зидан вели дека Велшанецот не сакал да игра. 

Вечерва Реал Мадрид има тешка мисија, треба да надополни негатива од 2-1 против Манчестер Сити. Зидан во составот ќе го нема суспендираниот Серхио Рамос, но изненадување е отсуството на Герет Бејл кој нема никаков проблем да настапи.
 
„Имав личен разговор со него, тој преферира да не игра. Останатото останува меѓу мене и него, но тој ми рече дека не сака да игра“, вели Зинедин Зидан за причината поради која Бејл не е во тимот.
 
„Би-Би-Си“ тврди дека Бејл одлучил да не патува во Манчестер бидејќи знаел дека нема шанса да биде инволвиран во мечот.
 
Запрашан за иднината на Бејл во Реал Мадрид, Зидан одговори: „Не знам. Сега е фудбалер на Реал Мадрид, тоа се нема променето, тој е наш фудбалер. Го почитувам тоа, го почитувам него, како и сите останати“.
 
„Тој реши да не игра. Тоа е единственото нешто што можам да ви го кажам. Останатите се тука, се подготвуваат за мечот. Концентрирани сме само на натпреварот“.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе