Речиси е сигурно дека Меитланд-Најлс ќе биде ново засилување на Рома. Тој ќе пристигне од Арсенал на позајмица до крајот на сезоната со опција да биде откупен за 10 милиони евра.
Покрај Меитланд-Најлс, Мурињо сака уште двајца фудбалери од Англија. Чарли Веленс од Манчестер јунајтед и Рубен Лофтус Чик од Челси.
Чарли Веленс е 19-годишен фудбалер на Манчестер јунајтед од средниот ред кој се уште нема сениорско деби за црвените ѓаволи.
Мурињо добро ги познава неговите квалитети од периодот кога работеше во Манчестер јунајтед.
„Газета дело Спорт“ пишува дека Португалецот го сака и Рубен Лофтус Чик, но за него интерес има и од Лацио.
Во Рома веќе има двајца англиски фудбалери, Смолинг и Абрахам, па ако му се остварат јануарските трансфер желби на Мурињо, тој во римскиот клуб ќе креира вистинска англиска колонија.