Има двајца, сака уште тројца англиски фудбалери

Жозе Мурињо создава англиска колонија во Рома

Жозе Мурињо посакува три засилувања од англиските клубови во зимскиот преоден рок, најсигурен е Еинсли Меитланд-Најлс од Арсенал. 

Речиси е сигурно дека Меитланд-Најлс ќе биде ново засилување на Рома. Тој ќе пристигне од Арсенал на позајмица до крајот на сезоната со опција да биде откупен за 10 милиони евра.
 
Покрај Меитланд-Најлс, Мурињо сака уште двајца фудбалери од Англија. Чарли Веленс од Манчестер јунајтед и Рубен Лофтус Чик од Челси.
 
Чарли Веленс е 19-годишен фудбалер на Манчестер јунајтед од средниот ред кој се уште нема сениорско деби за црвените ѓаволи.
 
Мурињо добро ги познава неговите квалитети од периодот кога работеше во Манчестер јунајтед.
 
„Газета дело Спорт“ пишува дека Португалецот го сака и Рубен Лофтус Чик, но за него интерес има и од Лацио.
 
Во Рома веќе има двајца англиски фудбалери, Смолинг и Абрахам, па ако му се остварат јануарските трансфер желби на Мурињо, тој во римскиот клуб ќе креира вистинска англиска колонија.
 

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе