Португалецот на поинаков начин го искажа бесот против судиите

Жозе Мурињо не сакаше да зборува за судењето, но со добро позната слика на инстаграм кажа што мисли! (ФОТО)

Жозе Мурињо е бесен на судењето по мечот со Њукасл, но својата фрустрација не ја искажа со зборови туку тоа го направи преку својот инстаграм профил со една добро позната фотографија. 

Тотнем во 97. минута од судиското продолжение прими гол од пенал против Њукасл и не победи. ВАР им додели најстрога казна на гостите за кои тоа беше и првиот шут во рамките од голот на Лорис.
 
Мурињо е бесен бидејќи само неколку минути претходно играч на Њукасл играше со рака во својот шеснаесетник но тогаш ВАР не се огласи.
 
По мечот Португалецот изјави: „Преферирам моите пари да ги дадам во хуманитарни акции отколку да ги дадам на ФА со тоа што ќе бидам казнет. Па не сакам да дискутирам за тоа. Не сакам да зборувам за тоа“.
 
Брзо потоа на својот инстаграм профил ја објави добро познатата фотографија од деновите во Интер. Тогаш кога исто така се бунеше против судењето и беше казнуван, во една прилика направи гест како да има лисици на рацете со што индиректно порача: Уапсете ме. 
 
Таа фотографија стана една од неговите најпознати. Јасно е што сака да каже со неа со тоа што ја објави веднаш по контроверзниот меч.
 
 
 
 
View this post on Instagram

A 10 year old picture

A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho) onSep 27, 2020 at 8:50am PDT

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе