Бил договорен трансфер од 250 милиони евра

Жозе Мурињо го убедил Лео Меси да се пресели во Челси, Деко во последен момент му упропастил сè

Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио открива малку позната приказна, Жозе Мурињо во 2014 имал видео повик со Лео Меси и го убедил Аргентинецот да се пресели во Челси, но трансферот не се реализирал откако се замешал Деко и таткото на фудбалерот.

Лео Меси пред два месеци беше топ тема откако побара раскин на договорот со Барселона. Десетина дена интензивно се шпекулираше за неговата иднина а на крајот Аргентинецот реши да остане со цел да избегне судски спор.

Џанлука Ди Марцио сега открива како Аргентинецот пред шест години исто така бил многу блиску до заминување од Камп Ноу. Италијанскиот новинар вели дека напаѓачот во 2014 изразил желба да ја промени средината, разговарал со Жозе Мурињо за преселба во Челси, му се допаднало она што го слушнал, „сините“ биле подготвени да ја активираат неговата откупна клаузула, но се пропаднало во вода во последен момент.

Во својата нова книга „Гранд Хотел Калчомеркато“, Ди Марицио ја раскажува најголемата непозната приказна на трансфер пазарот.

Откако Жозе Мурињо бил запознаен за желбата на Лео Меси, имал видео разговор со напаѓачот.

„Како си шампиону?“ – „специјалниот“ го скршил мразот. „Само што ми кажаа за твојата желба. Не знаеш колку непреспиени вечери сум имал во обидот да најдам начин да те сопрам. Се обидов да применам безброј стратегии, сите тие функцинираа до моментот кога ти ќе изведеш победнички дриблинг и ќе постигнеш гол. Ти си најдобар, точка“.

„Знаеш што ќе ти кажам? Дека треба да останеш онаму каде што си“ – продолжил Мурињо и ги шокирал посредниците кои биле во собата и кои веќе мирисале милинска провозија. И самиот Лео Меси останал збунет од потегот на Португалецот.

„Немој да заминеш, таму ќе ти изградат статуа, остани во Барселона. Тоа е најдоброто место за играч кој е број 1, за играч како тебе“. 

„Сепак... ако едно утро се разбудиш, доручкуваш во тренинг центарот и кафето нема ист вкус, небото одеднаш станува сиво, повеќе не ти се допаѓа автомобилот, тажен си кога си одиш дома, не си среќен, твоето семејство не е среќно, во тој темен момент од твојот живот... да, тогаш ќе мораш да ја отвориш портата на среќата. И на другата страна ќе ме најдеш мене, како те чека Жозе Мурињо“.

Со овие зборови, Жозе Мурињо го „купува“ Меси, Роман Абрамович и дава задача на Марина Грановскаја да почне да ја подготвува документацијата. Челси е подготвен со 250 милиони евра да го ослободи Лео Меси од обврските со Барса, подготвува годишна плата од 50 милиони фунти за играчот а има и согласност имиџ правата да ги дели 70%-30%. 

И кога сите во Лондон веруваат дека ќе го ангажираат Лео Меси, таткото на фудбалерот се вмешува во последен момент. Деко, кој бил еден од посредниците, но изоставен од финалните преговори го известува Хорхе Меси што се случува а тој за кратко време става крај на се.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе