Премиерлига

Жота со епско промашување, Ориги испадна херој во 94. минута (ВИДЕО)

Ливерпул со минимални 0-1 триумфираше на гостувањето кај Вулверхемптон, херој на „црвените" беше Дивок Ориги во 94. минута, Њукасл конечно ја забележа првата победа и славеше против Барнли со 1-0.

Ливерпул си замина со три бода од незгодното гостување на „Молињу“, избранциите на Јирген Клоп ја однесоа победата во 94. минута.

„Црвените“ беа подобар противник, Вулверхемптон добро одолеваше, а и единствениот кикс на домаќините не беше наплатен откако Жота имаше епско промашување и од пет метри, го погоди играчот кој се обидуваше да блокира на гол линијата.

„Волците“ сепак не издржаа до крај, Ориги погоди во 94. минута за радост на гостите. Фудбалерот од Белгија на пет метри прими топка, си креираше простор за шут и ја затресе мрежата за 0-1.

Њукасл конечно ја забележа прата победа оваа сезона, во дербито на дното, го совлада Барнли со 1-0. На последниот денешен натпревар од 16 часот, Брајтон во 98. минута се избори за бод на гостувањето кај Саутемптон.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе