Младиот Португалец покажа дека има што да понуди

Жоао Феликс со прекрасен гол и асистенција ги засени ѕвездите од МЛС, Атлетико до нова победа (ВИДЕО)

Жоао Феликс со голазо и прекрасна асистенција го реши мечот помеѓу Атлетико Мадрид и ѕвездите од првенството на САД, „колчонероси" забележаа победа од 3-0.

Жоао Феликс стана најскапиот Португалец ова лето и го надмина рекордот на Кристијано Роналдо откако Атлетико Мадрид се сложи да плати преку 127 милиони евра за неговите услуги.

Младиот фудбалер утрово покажа дека има што да понуди и со голазо и прекрасна асистенција ја запечати победата на „колчонероси“ од 3-0 против Ол-стар тимот на МЛС.

Жоао Феликс, кој влезе во игра во 55. минута, погоди убаво од далечина на пет минути пред крајот, а потоа во судиското надополнување испрати прецизна долга топка и му аистираше на Диего Коста.

Претходно во финишот на првиот дел, уште еден новајлија, Маркос Љоренте реализираше по една одлична акција и го отвори резултатот.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе