Челси

Жиру стави потпис на нов договор со Челси

Оливие Жиру и во наредната сезона ќе го носи дресот на Челси откако денеска го продолжи договорот за една година. 

Францускиот напаѓач ја продолжува соработката со Челси, денеска потпиша продолжување на договорот за една година.
 
Тој на Стемфорд Бриџ пристигна во јануари 2018 година и досега има 62 настапи и постигнато 17 голови.
 
„Многу сум среќен што потпишав нов договор. Навистина сакав да останам уште една година, се чувствувам дел од тимот, од фамилијате уште од самиот почеток и се надевам дека ќе помогнам да освоиме уште трофеи“, изјави Жиру.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе