Серија А

Жиру му донесе победа на Милан во големото дерби против Наполи (ВИДЕО)

Милан дојде до исклучително важни три бода од гостувањето кај Наполи, росонерите победија со 1-0 со гол на Оливие Жиру, Елмас мечот го почна од клупата за резеви. 

На стадионот „Диего Армандо Марадона“ вечерва се играше големото дерби меѓу два ривали за Скудетото, Наполи и Милан. 
 
Домаќините се надеваа дека на крилјата на својата гласна публика ќе успеа да ги освојат трите бода, но останаа без ништо, Милан победи со 1-0 и се искачи на врвот во Серија А.
 
Човек на одлука и овојпат беше Оливие Жиру, кој по шут на Калабрија во 49. минута најдобро се снајде во шеснаесетникот на Наполи и постигна гол за водство на Милан од 1-0, што беше и конечен резултат на мечот.
 
Елиф Елмас овој меч го почна од клупата за резерви, во игра влезе во 67. минута од натпреварот.
 
Милан е прв со 60 бодови, Интер има 58, но и натпревар помалку, Наполи е трет со 57 бодови, во близина е и Јувентус кој има 53.
 

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе