Премиерлига

Жиру му донесе големи три бода на Челси во борбата за место во ЛШ (ВИДЕО)

Челси со гол на Жиру дојде до минимална но многу важна победа против Норич во битката за место во Лигата на шампионите. 

Се очекуваше дека Челси поубедливо ќе дојде до победа над веќе испаднатиот Норич, но тимот на Лампард со само еден гол дојде до триумфот.
 
Клучниот момент се случи во третата минута од судиското продолжение во првото полувреме кога по асистенција од Пулишиќ, Жиру погоди со глава за водство од 1-0 кое на крајот значеше и победа.
 
На две кола до крајот Челси е на третото место со по четири бода пред Лестер и Манчестер јунајтед кои имаат натпревар помалку.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе