Во последната минута од мечот Бенфика имаше неверојатна шанса да ја победи Барселона на Камп Ноу. Сеферовиќ излезе пред Тер Штеген, го помина и него и промаши.
Жорж Жесус падна на колена кога го виде промашувањето, а по мечот изјави дека никогаш не видел такво нешто.
„30 години сум тренер и никогаш не сум видел нешто такво, но се случи. Се случи на мене и на Бенфика“, изјави Жесус.
„Тимот креираше шанси, имаме резултат со кој може да сонуваме за пласман во осминафиналето, но не зависи од нас“.
„Но можеме да бидеме горди што сме во ваква ситуација, што се бориме со Барселона која е тим кој секогаш цели на трофејот“.
Ако Бенфика во последното коло го победи Динамо Киев на свој терен, а Барселона не успее да го победи Баерн во Минхен, тогаш португалскиот клуб оди понатаму.