Норвежанецот побарал мислење од фудбалерите

Жесток состанок во Манчестер јунајтед: Меѓусебни обвинувања и многу замерки за Солшер!

Медиумите од Англија пренесуваат дека имало жесток состанок во соблекувалната на Манчестер јунајтед, фудбалерите меѓусебно се обвинувале, а имало и многу замерки за потезите кои ги влече Оле Гунар Солшер.

„Ѓаволите“ се во криза, имаат дури три порази на последните четири натпревари во Премиерлигата, последниот особено болеше, Ливерпул триумфираше на Олд Трафорд со убедливи 0-5.

Притисокот врз Оле Гунер Солшер e голем, многумина сметаат дека стратегот треба да добие отказ, но раководството на Манчестер јунајтед се уште има доверба во него.

Според пишувањата на Тајмс, Оле Гунар Солшер свикал состанок по поразот од Лестер и побарал од играчите искрено да кажат што мислат и да дадат совет како да се подобри формата. Весникот открива дека имало меѓусебни обвинувања и многу замерки за Норвежанецот.

Еден фудбалер имал замерки за одлуката на Солшер да го именува Хари Мегваер за капитен. Друг пак го нападнал тренерот за изборот на тимот и прашал зошто оние кои играат лошо не се преселуваат на клупата и шанса да добијат други, односно оние кои тренираат напорно. 

Имало и фудбалер кој обвинил дел од соиграчите дека не се доволно мотивирани на тренинзите. 

Тајмс додава дека играчите на Манчестер јунајтед се уште имаат почит за Оле Гунар Солшер но многумина од нив веруваат дека Норвежанецот не е на нивото на Клоп, Гвардиола или Тухел.

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе