УЕФА потврди

Желбата на Де Лаурентис нема да се оствари, Барса и Наполи ќе играат на Камп Ноу

УЕФА потврди дека натпреварот меѓу Барселона и Наполи ќе се игра како што е планирано, тие ја следат ситуацијата во Шпанија, но засега нема промени. 

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис смета дека дуелот треба да биде преместен во Португалија или Германија поради зголемениот број на случаи со коронавирус во Шпанија.
 
Но од УЕФА велат дека засега планот останува како што беше, мечот ќе се игра на Камп Ноу.
 
„Ја следиме ситуацијата и сме во контакт со локалните власти. Мечот ќе се игра во Барселона како што беше планирано“, велат од УЕФА.
 
Првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите меѓу Наполи и Барселона заврши нерешено 1-1. Реваншот се игра на осми август.

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе