Лига Европа

Ждрепка за осминафинале во Лига Европа, фаворитите поминаа добро

Без многу возбудувања на денешната ждрепка за осминафинале во најмасовното европско натпреварување, фаворитите се избегнаа, најинтересно ќе биде на дуелот помеѓу Севиља и Рома.

Попладнево во канцелариите на УЕФА во Нион беа извлечени паровите за осминафиналето во Лига Европа.

Ждрепката беше прилично поволна за фаворитите кои се избегнаа и поминаа добро. Манчестер јунајтед ќе се сретне со ЛАСК, Интер ќе игра со Хетафе а најинтересно ќе биде на пресметката помеѓу Севиља и Рома.

Првите мечеви се на програмата на 12. март, а реваншите се играат една недела подоцна.

Осминафинале Лига Европа:

Башакшехир - Копенхаген
Олимпијакос - Вулверхемптон
Ренџерс - Баер Леверкузен
Волфзбург - Шахтар
Интер - Хетафе
Севиља - Рома
Франкфурт/Салцбург - Базел
ЛАСК - Манчестер јунајтед

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе