Лудо се славеше во соблекувалните

Ждрепка во Купот на Шпанија, Реал ќе гостува во Африка, џекпотот го добија Мелиља, Културал и Сант Андреу (ВИДЕО)

Денеска беа извлечени паровите за четвртото коло од Копа дел Реј, шанса за двомеч со гигантите Реал, Барса и Атлетико добија нисколигашите Мелиља, Културал и Сант Андреу.

Секоја година во Шпанија будно се следи ждрепката за шеснаестфиналето во Купот бидејќи малите екипи имаат прилика да се сретнат со некој од гигантите.

Реал Мадрид ќе гостува во Африка, !Кралевите“ за противник го добија Мелиља. Третолигашот го носи името на автономен град и шпанска ексклава на средноземниот брег на Северна Африка.

Па шампионот на Европа на крајот од месецов (31. октомври) ќе треба да скокне преку Алборанското море за дуелот од шеснаесетфиналето во Копа дел Реј.

Покрај Мелиња, денеска џекпотот го доби уште еден третолигаш, Културал Леонеса кој ќе го пречека шампионот Барселона, а единствениот тим од четвртата лига во ждрепката, Сант Андреу пак налета на шампионот во Лига Европа, Атлетико Мадрид. Слично како и на претходните години, во соблекувалните имаше големо славење.

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе