Суперинтересни пресметки

Ждрепка Лига на шампиони: Во четвртфинале ќе гледаме реприза на две финалиња од последните три години!

Попладнево во Нион беше извршена ждрепката за четвртфиналето и полуфиналето во Лигата на шампиони, љубителите на фудбалот ќе гледаат две супер интересни пресметки, Баерн Минхен ќе игра против ПСЖ а Реал Мадрид против Ливерпул

Во четвртфиналето од Лигата на шампиони ќе гледаме реприза на две финалиња од последните три години. Баерн Минхен за противник го доби ПСЖ, додека пак Реал Мадрид се падна со Ливерпул.

Најдобро помина Челси, кој за противник го доби Порто, додека пак Манчестер Сити ќе игра против Борусија Дортмунд.

Денеска беа одредени и двојките за полуфинале, победникот од двомечот помеѓу Баерн и ПСЖ ќе се сретне со подобриот од двомечот помеѓу Манчестер Сити и Борусија Дортмунд.

Победникот од двомечот помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул пак ќе игра со подобриот од двомечот помеѓу Порто и Челси.

Првите натпревари од четвртфиналето се играат на 6/7 април, додека пак реваншите се една недела подоцна.

Првите мечеви од полуфиналето се играат на 27/28 април, а возвратните дуели се закажани на 4/5 мај.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе