Ќе се заштедат 25 милиони евра

Жанг имал средба со фудбалерите на Интер, побарал да се откажат од две плати

Првиот човек на Интер, Стивен Жанг денеска имал средба со фудбалерите на која побарал од играчите да се откажат од платите за ноември и декември, „нероаѕурите" на овој начин ќе заштедат околу 25 милиони евра.

Интер, како и многу клубови ширум Европа, е во финансиски потешкотии поради пандемијата на ковид-19. Неопходно е кратење на трошоците, па претседателот Стивен Жанг денеска се појавил во тренинг центарот и одржал состанок со фудбалерите.

Медиумите од Италија пренесуваат дека првиот човек на клубот побарал од играчите да се откажат од платите за ноември и декември со што „нероаѕурите“ би заштедиле околу 25 милиони евра (ова е бруто сумата за платите за овие два месеци).

Сега играчите се на потег, и доколку одговорот е негативен, Интер ќе пристапи на планот Б. Индивидуално ќе се разговара со секој фудбалер да се направи модификација на договорите, односно платите за овие два месеци да бидат исплатени во иднина, кога финансиската состојба ќе биде подобра.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе