Трета среќа

Жалбата на Наполи конечно прифатена, мечот против Јувентус ќе се преигра

Италијанскиот олимписки комитет ја прифати жалбата на Наполи, дуелот со Јувентус ќе биде преигран а на „наполитанците" ќе им биде вратен и одземениот бод.

Јувентус доби службена победа од 3-0, а на Наполи му беше одземен еден бод откако „наполитанците“ не се појавија во Торино со образложение дека не добиле дозвола од локалните здравствени власти по позитивните тестови на Зелински и Елмас.

Клубот од стадионот „Диего Армандо Марадона“ имаше две неуспешни жалби, до Серија А и Фудбласката федерација на Италија, но сепак успеа во триот обид.

Денеска Наполи го презентираше својот случај пред Италијанскиот олимписки комитет, кој одлучи да ја уважи жалбата и пресуди натпреварот да се преигра, како и да се врати еден бод на контото на „наполитанците“.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе