На тест ќе биде ставена одлучноста на Борусија Дортмунд

Земи или остави: Манчестр јунајтед доставува последна понуда за Санчо

„Ѓаволите" во последните денови од преодниот рок ќе имаат офанзива за потписот на Џејдон Санчо, Мирор најавува понуда од 75 милиони фунти, плус додатни 15 милиони во бонуси.

Се верува дека Џејдон Санчо е топ трансфер цел на Оле Гунар Солшер и Манчестер јунајтед веќе си има подадено рака со Англичанецот.

Сепак, Борусија Дортмунд нема намера лесно да се раздели со младата ѕвезда, постави цена од 120 милиони евра (околу 108 милиони фунти). Клубот од „Сигнал Идуна Парк“ исто така во неколку наврати порача дека Џејдон Санчо останува, но „ѓаволите“ не губат надеж.

Според пишувањата на Мирор, пред крајот на преодниот рок ќе биде доставена официјална понуда. Манчестер јунајтед на маса ќе стави 90 милиони фунти, односно 75 милиони фунти (околу 83 милиони евра), плус додатни 15 милиони фунти во бонуси (околу 17 милиони евра).

Весникот вели дека ова ќе биде понуда од типот „земи или остави“ односно „ѓаволите“ ќе ги известат „милионерите“ дека нема да преговараат за ништо, ниту за зголемување на сумата ниту пак за структурата на исплатата.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе