Хрватот раскажува необична случка

Здравко Мамиќ и скржавиот претседател на Тотнем

Поранешниот претседател на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ вели дека Даниел Леви според него е најдобриот преговарач.

Мамиќ раскажува интересна приказна за претседателот на Тотнем, Даниел Леви. Настанот се случил при договарањето на трансферот на Лука Модриќ од Динамо Загреб во Тотнем.
 
„Леви според мене е најспособниот преговарач во светот. Имав доволно време да го искусам тоа и го почитувам. Ќе ви кажам една интересна приказна, но во исто време и приказна која покажува како тој ги штити интересите на клубот. Откако го договоривме трансферот на Лука Модриќ во Тотнем, јас културно го замолив да ми даде пет дреса од Лука“, вели Мамиќ и продолжува:
 
„Леви ми даде пет дреса, но од фактурата за трансферот која изнесуваше 23 милиони евра, беше минусирана вредноста на дресовите. Тоа беше неверојатно за мене. Но покажува како тој ја цени секоја пара што клубот ја троши“.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе