Си замина од Турција

Здравјето му е поважано од парите: Оби Микел не сака да игра фудбал во време на епидемија од коронавирус

Џон Оби Микел го раскина договорот со Трабзонспор, екс фудбалерот на Челси си замина од клубот поради тоа што фудбалот во Турција продолжува и покрај епидемијата на коронавирус.

Турската Суперлига е едно од ретките првенства кои продолжуваат, фудбал во Турција се игра и ова не му се допаѓа на Џон Оби Микел. На Нигериецот, здравјето му е поважно од парите, па тој го раскина договорот и си замина.

Поранечниот играч на Челси се побуни уште изминатиов викенд, кога наместо да биде суспендирано првенството, беше решено да се игра зад затворени врати.

„Фудбалот не е сè во животот, има работи кои се поважни. Не се чувствувам комфорно и не сакам да играм фудбал во вакви услови. Секој треба да биде дома крај своето семејство, крај саканите. Сезоната треба да биде суспендирана во овие турбулентни времиња“ – напиша Оби Микел на социјалните мрежи.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе