Разговорите ќе продолжат

Заврши состанокот меѓу Барса и таткото на Меси, не е постигнат договор

Будно очекуваниот состанок меѓу претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу и таткото на Лео, Хорхе Меси заврши без да биде постигнат некаков договор, но разговорите ќе продолжат во наредниот период. 

Вечерва се одржа најавениот состанок меѓу Барселона и таткото на Меси на кој се разговараше за иднината на аргентинскиот фудбалер.
 
Според каталонскиот весник „Спорт“, состанокот меѓу Бартомеу и Хорхе Меси завршил без договор.
 
Состанокот се одржал во клупските простории на Барселона и траел околу час и половина. 
 
Бартомеу се обидувал да ја убеди фамилијата на Меси дека треба да останат со Барселона, тој инсистира дека Лео ќе биде во центарот на новиот проект на Роналд Куман и му понудил нов двегодишен договор. Ставот на клубот е дека Меси има активен договор со откупна клаузула од 700 милиони евра.
 
Од друга страна, Хорхе Меси побарал неговиот син да си замине со контроверзната клаузула која го ослободува Лео од обврските кон Барселона. 
 
Двете страни останале на своите ставови. На состанокот претставници на Барса биле Бартомеу и менаџерот Бордас, додека од другата страна биле таткото на Лео, Хорхе Меси, неговиот друг син Родриго и неговиот адвокат Хорхе Пекур.
 
Разговорите меѓу двете страни ќе продолжат и во наредните денови. Засега Меси нема да тренира под водство на Куман.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе