Примера

Заврши сезоната во Примера, во возбудлива битка за опстанок Леганес е последниот патник во втората лига (ВИДЕО)

Се одигра последното коло во Примера која од претходно го доби новиот шампион, Реал Мадрид, кралскиот клуб денеска одигра реми со Леганес, доволно за противникот да испадне во понизок ранг. 

Во последното коло од Примера се одлучуваше за последниот патник во втората лига и за квалификациското место во Лига Европа.
 
Леганес имаше предизвик да го победи Реал Мадрид, а притоа Селта да не триумфира на гостувањето кај веќе испаднатиот Еспањол.
 
Селта одигра 0-0 кај Еспањол, а Леганес за малку не успеа да го победи Реал Мадрид и да се спаси, нивниот меч заврши 2-2, тие имаа шанси и за триумф, но не ги реализираа, една од пропуштените беше во 96. минута.
 
Претходно Реал Мадрид поведе со гол на Рамос во деветата минута, пред крајот на првиот дел Хил изедначи на 1-1.
 
Асенсио по седум минути игра во второто полувреме го врати водството на Реал Мадрид, а Асал на десетина минути пред крајот погоди за 2-2 и возбудлива завршница која сепак заврши тажно за домаќините.
 
Барди не настапи за Леванте кој со гол во судиското продолжение го совлада Хетафе и го лиши од место во Европа.
 
Реал Мадрид е шампион, а покрај нив во Лигата на шампионите ќе играат Барселона, Атлетико Мадрид и Севиља.
 
Во групната фаза од Лига Европа се пласираа Виљареал и Реал Сосиедад, а Гранада ќе бара место таму преку квалификации.
 
Од лигата испаднаа Леганес, Мајорка и Еспањол.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе