Лоши вести за „ѓаволите“

Зар е можно вакво нешто? Погба случајно се судрил со Бруно Фернандеш на тренинг и двајцата се повредиле!

Лоши вести за „ѓаволите", Мирор вели дека на денешниот тренинг на Манчестер јунајтед случајно се судриле Пол Погба и Бруно Фернандеш, двајцата фудбалери се повредени.

Португалецот и Французинот покажаа одлично разбирање на теренот на последните натпревари на Манчестер јунајтед, фановите имаа големи очекувања во продолжението од сезоната и битката за местата кои водат во Лигата на шампиони, но вечерва пристигнаа лоши вести. 

Мирор вели дека на денешниот тренинг дошол до случаен судар помеѓу Пол Погба и Бруно Фернандеш, односно Французинот налетал на Португалецот. Двајцата добиле третман од лекарскиот персонал и со поткривнување го напуштиле теренот. 

Па тие се под знак прашалник за дуелот со Борнмут во сабота, а може да пропуштат и повеќе натпревари во зависност од тоа за колку сериозни повреди се работи.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе