Започна собирањето понуди за продажба на ТВ правата за ЛШ на Балканот, можно ли е да гледаме фудбал на македонски?

Агенцијата „Тим Маркетинг“ задолжена за продажба на ТВ правата за клупските натпреварувања на УЕФА, почна да прибира понуди од седум балкански држави за ЛШ и ЛЕ од сезоната 2021-22 до 2023-24. 

Македонските гледачи веќе некое време гледаат Лига на шампиони и Лига Европа на српски јазик. Привилегијата да ги гледаат натпреварите ја имаат само корисниците на „Македонски Телком“ бидејќи тие ги имаат правата и натпреварите ги емитуваат преку ТВ Арена.
 
Тоа може да се промени од сезоната 2021-22, но веројатноста е мала. Македонска телевизија треба да учествува во наддавањето и да достави подобра понуда од конкурентите кои ќе се обидат да ги купат ТВ правата за нашата земја.
 
Распишани се два тендери, едниот за Лигата на шампионите и УЕФА Супер Купот, а другиот за Лига Европа и новото натпреварување Европска конференциска лига. Понуди ќе се прибираат од 15 јануари до 10 февруари за ТВ правата на седум балкански земји, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора и Србија.
  
Проблемот со неможноста да гледаме елитен спорт на македонски јазик може да се реши и со интервенција во законот кој треба да ги принуди операторите да ги емитуваат спортските канали и на македонски јазик, но за тоа треба волја од власта. Со еден таков закон „Спорт Клуб“ и „Арена“ ќе мораат да се прилагодат и да ангажираат македонски коментатори за својата програма.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе