Поразот во градското дерби ги налути навивачите

Закани за Пандев и соиграчите: Внимавајте, ќе ви ги искршиме забите!

Полицијата започна истрага откако фудбалерите на Џенова добија закани по поразот од Сампдорија, на асфалтот пред портите на тренинг центарот било напишано „Внимавајте, ќе ви ги искршиме забите".

Популарните „рособлу“ никако да излезат од резултатската криза. Ниту промената на тренерот и пристигнувањето на Тијаго Мота не влијаеше за напуштање на дното на табелата. Во саботата беше забележан нов пораз и тоа дома во лутото градско дерби со Сампдорија.

Ова предизвика реакција од навивачите, кои испратија закани до играчите. „Внимавајте, ќе ви ги искршиме забите“ - гласела пораката напишана на асфалтот пред портите на тренинг центарот.

Клубот веднаш ја известил полицијата, па истражители од специјалната единица ДИГОС отвориле истрага и ги прегледуваат камерите од околните објекти за да ги пронајдат сторителите. Не се исклучува и идејата играчите да добијат дополнителна заштита доколку се појават нови закани.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе